ФК Кул продолжува “сам” да чекори по патот на успехот

(Фотогалерија) Пионерите триумфално кај Борец
02/21/2021
„Богат“ викенд на натпревари за екипите на Кул
02/26/2021

ФК Кул продолжува “сам” да чекори по патот на успехот

Фудбалскиот клуб Кул е клуб кој постои 13 години и во него членуваат околу 450 млади фудбалери. За целокупната беспрекорна работа во клубот се вработени 19 лица (тренери, медицинска лица, технички лица, економи). Раполага со можеби најдобра  фудбалска инфраструктура во нашата држава. ФК Кул е еден од ретките клубови кој е ДДВ обврзник.

 

Клубот  досега ниту еднаш нема добиено помош по ниту еден основ од некоја  државна институција за развој и потпомагање на спортот. Досегашното постоење и реноме го достигна од сопствени средства и макотрпна и долгогодишна работа.

ФК КУЛ за своето 13 годишно постоење  за прв пат се најде на списокот од Фудбалска Федерација на Македонија за доделување на ваучери за спорт. ФФМ соред реалните критериуми (број на членови, инфраструктура, натпреварување во младински лиги, членови кои се дел од репрезентација на Р.М. , КУП победници на Р.Македонија) нашиот клуб го бодираше со реални бодови.

За жал, Агенцијата за млади и спорт имаше нереални критериуми за вредност на бодовната листа од страна на матичната федерација. И според тие критериуми се најде на листата со минимално вреднување на бодовите, т. е 40.000 денари.

Наместо да се добие поттик за поуспешна и подобра работа и вложување во спортот, срушени се  сите наши планови за понатамошно напредување и вложување и развој на спортот и младите фудбалери, не само на ФК Кул Здравје туку и на неколку други клубови кои вредно и макотрпно си ја извршуваат својата работа и се вложуваат максимално да постигнат да ги искачат младите фудбалери на повисоки скалила.

Како општествено одговорен клуб  сакаме да ве известиме дека првите добиени средства ќе ги донираме на децата без родители.