УПИСИ!!! ФК Кул врши упис на нови членови, бидете дел од фудбалската школа со најбогата инфраструктура, три локации, екипиран стручен штаб и професионален начин на работа

(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2006 одигра „тест“ со Вардар
03/01/2021
(Фотогалерија) Генерација 2008 одигра пријателски натпревар со Куманово
03/02/2021

УПИСИ!!! ФК Кул врши упис на нови членови, бидете дел од фудбалската школа со најбогата инфраструктура, три локации, екипиран стручен штаб и професионален начин на работа

 Фудбалската школа Кул започнува со упис на нови членови, ние постоиме веќе 13 и пол години, нека вашето дете биде дел од нашата успешна приказна. Вршиме упис на деца од 2011 година и помали (момчиња и девојчиња). Тренинзите се одвиваат секој ден, во зависност од возраста на децата, на истите работат лиценцирани тренери, со богато искуство во педагогијата со деца спортисти.

На сите натпревари школата обезбедува задолжителен медицински надзор на членовите. Ние сме клуб со најбогата спортска инфраструктура, тренинзите се одвиваат на отворени и затворени терени. Уписите се вршат за работа на терените во: Ново Лисиче, Кисела Вода и Карпош. Располагаме со план и програма за напредување на нашите членови, учествуваме на домашни и меѓународни натпреварувања, организираме летен камп, се следи напредокот на секој поединец со цел правилен развој во процесот на тренирање и фудбалско школување.

Во нашата школа, вашето дете ќе биде подложено на професионален начин на практикување на спортот, ќе биде дел од клуб во кој неговото здравје ќе биде на прво место, колектив во кој ќе ги има сите услови, кои може само нашата школа да ги пружи во земјава.

Термини за тренинг:

Ново Лисиче: 19:30 часот, вторник и четврток

Карпош: 18:00 часот, вторник и четврток

К.Вода: 18:00 часот,, среда и петок

Контакт: