Пионерите се вратија на победите во лигата, момците на Нурединоски го совладаа Борец 1919

Продолжува победничката серија за помладите пионери, три бода и во дуелот со Борец 1919
03/12/2021
(Фотогалерија) „Прескокнат“ и Борец, генерација 2005 со осма последователна победа во лигата
03/13/2021

Пионерите се вратија на победите во лигата, момците на Нурединоски го совладаа Борец 1919

Нашите пионери се вратија на победите во лигата. Денес на „Локомотива“ избраниците на Един Нурединоски ја совладаа екипата на Борец 1919 со резултат 4:0.

Дуелот го започнавме со следните играчи: Цветковски ,Мицевски, Митревски, Ѓорѓиев, Јанкулоски, Ќеховиќ, Стајковиќ (К), Стојановски, Крстевски, Манасиевски  и Мифтари .

Рутинска победа за пионерите кои немаа проблеми околу освојување на бодовите.Едноставно ги искористивме своите шанси на овој дуел и заслужено стигнавме до бодовите. По само 12 минути игра ние веќе бевме во предност од 2:0. Уште во 9.минута од натпреварот го отворивме резултатот преку Јован Митревски кој погоди со глава, на нафрлена топка од Стојановски. Во противничкиот шеснасетник, највисок беше Митревски кој атрактивно го совлада гостинскиот голман за водство од 1:0. После само три минути беше досуден пенал за нашиот состав. Повторно Митревски во акција, кој беше фаулиран во шеснаесетникот на Борец, па главниот судија оправдано покажа на белата точка. Одговорноста ја превзеде капитенот Филип Стајковиќ кој ни носи водство од 2:0.

Пред да го зголемиме резултатот во добра шанса се најде и повратникот во тимот, Бојан Јанкулоски, но овој пат противничкиот голман одлично одбрани и спречи нов гол во неговата мрежа. Во 29.минута, момците на Нурединоски постигнуваат нов гол, на нафрлена топка од Стојановски, повторно Јован Митревски е најснаодлив кој со глава ја заби топката во мрежата, за резултат 3:0 кој беше актуелен на полувреме.

Во вториот дел имавме неколку прилики од кои една ја претворивме во гол. Пред да го зголемиме резултатот во шанси се најдоа Мифтари кој биеше над голот, како и Јанкулоски кој се обиде од прекин, но немаше реализиција. Се закани и екипата на Борец, но денес Мартин Цветковски не дозволи да биде изненаден. Во листата на стрелци можеше да се запише и Кадриовски, но биеше непрецизно. Љубомир Стојановски го постигна последниот гол на натпреварот, прв денес за него, по асистенција од Антонијо Стојановски, за конечни 6:0 на овој натпревар.

Во игра во вториот дел влегоа и Цветановски, Петровски, Блажески, Зафироски и Стојановски. Ова беше шестта победа сезонава за пионерите на Кул.