Продолжува победничката серија за помладите пионери, три бода и во дуелот со Борец 1919

Пријателски натпревари за екипите на Кул
03/12/2021
Пионерите се вратија на победите во лигата, момците на Нурединоски го совладаа Борец 1919
03/12/2021

Продолжува победничката серија за помладите пионери, три бода и во дуелот со Борец 1919

Помладите пионери на Кул стигнаа и до осмиот последователен триумф сезонава во лигата. Денес на „Локомотива“ нашите млади надежи беа домаќини на екипата на Борец 1919, противникот кој го победивме со резултат 4-0 (2-0).

Тренерот Божиноски се одлучи за следниве 11-сетмина: Јосифов, Стефановиќ, Станковски, Митревски, Трајчевски, Цветановски (К), Бундалески, Васиќ, Наков, Петрушевски, Богданоски.

Ние тргнавме офанзивно со цел да го отвориме овој дуел со ран погодок. Во 8.минута тоа ни успеа преку Стефан Петрушевски кој погоди за 1-0 во нашата прва посериозна шанса за погодок. Нашиот играч доби асистенција од Наков и од непосредна близина стрелаше за предност. Атакувавме да ја удвоиме предноста,  тоа ни успеа 10.минути потоа преку Наков Борјан. Во 18.минута асистенот на првиот погодок сега беше во улога на „егзекутор“, беше очи во очи со голманот и со одличен лоб погоди за 2-0. До крајот на првиот перод, Кул имаше уште три  прилики за погодок. Во првата Матеј Цветановски се обиде од 20.метра, во втората Бундалески испрати одличен центар-шут, Наков шутна, но голманот на велешани беше на место. Во последната прилика во првиот период од 45.минути, од корна нафрли Трајчевски топката стигна до Богданоски кој шутна крај голот. На одмор заминавме со два гола позитива (2-0).

Вториот период започна со наша доминација, во првите 15.минути создадовме две прилики. Имавме обиди преку Васиќ и Станковски кои не ги претворивме во погодок. Пречката ни се испречи за трет гол, Стефановиќ Владимир доби центар-шут од Петрушевски, но со глава биеше во гредата. Конечно беше наградена нашата одлична игра со гол, Петрушески Стефан погоди за 3-0, по акција во која учестуваше Ацески. Како и во првиот дел, асистентот на првиот погодок во овој период, Ацески Мартин се најде во улога на стрелец. Со неговиот гол ги поставивме конечните на овој дуел 4-0 во 89.минута од овој напревар.

На овој дуел од клупата нашиот тренер им даде прилика и на: Ацески, Георгиевски, Мицевски, Зекири, Здравковски, Стефановиќ и Милошевиќ.