Со натпреварите против ФК Скопје го стартуваме вториот круг

Помладите пионери и кадетите остануваат лидери после одигрување на 9.коло
03/23/2021
„Петлињата“ на КУЛ и викендов ќе се надигруваат со своите противници
03/26/2021

Со натпреварите против ФК Скопје го стартуваме вториот круг

Претстојниов викенд ќе стартува и вториот круг од сезоната во младинските лиги. Екипата на Скопје ќе биде наш противник во рамките на 10.коло.

Сите натпревари со овој противник ќе бидат одиграни во недела (28.03.2021). Пионерските екипи ќе гостуваат на теренот на „Нова Колонија“ во термините од 11:00 и 13:00 часот, додека кадетите и младинците на „Цементарница“  од 10:00 и 12:00 часот се домаќини на ФК Скопје.

Скопје е наш конкурент за пласман во најсилната супер лига, па од тука не очекуваат и интересни натпревари. Првите дуели на отварање на сезоната ги добивме со пионерските екипи, односно помладите пионери тогаш со службен резултат го добија натпреварот, додека пионерите на Кул триумфираа со високи 6:0.

Нашите кадети со пресврт во вториот дел го победија противникот на гостински терен, додека единствениот пораз од Скопје го доживеавме со младинците.

После девет одиграни кола, пионерите и кадетите на Кул имаат максимален број на освоени бодови, додека пионерите и младинците се исто така во горниот дел на табелата со амбиции да завршат на крајот како лидери.