Кул одигра 0-0 кај пионерите на Скопје, голманот Цветковски беше непремослива пречка за ривалот

Помладите пионери на Кул покажаа зошто се лидери, победа со пресврт кај ФК Скопје
03/28/2021
(ФОТО) Кул и Драчево Јуниор со „контрола“ кај генерација 2008
03/29/2021

Кул одигра 0-0 кај пионерите на Скопје, голманот Цветковски беше непремослива пречка за ривалот

Пионерите на ФК КУЛ гостуваа кај тимот на ФК Скопје, овој дуел кој е прв од вториот круг оваа сезона се одигра на фудбалскиот терен во Нова Колонија-Скопје. Ние на оваа средба дојдовме до реми, напреварот заврши со почетниот резултат (0-0).

Стартен состав: Цветковски, Мицевски, Митревски(К), Цветановски ,Јанкулоски, Ќеховиќ, Стојановски, Крстевски, Душкоски, Манасиевски и Мифтари.

Дуелот започна мирно со одмерување на силата на двата пионерски состави. Прва прилика имавме ние преку Стојановски Антонијо кој се закани кон голот на ФК Скопје. Потоа домаќинот упати опасен удар кој мина крај левиот директ, шанса имаа они и потоа Цветковски Мартин денес имаше две одлични одбрани во првите 45.минути од оваа средба.

За нас Мифтари Шевал имаше прилика вредна за одбележување шутирајќи силно, но повторно не беше отворен резултатот на оваа средба. Двата тима покажаа борбена игра, создадоа помал број шанси, па на одмор заминаа со резултатска симетрија, односно со почетниот резултат 0-0.


Вториот дел започна со цврста игра на двата тима, буквално во првата половина од истиот немаше ниту еден удар кон головите на двата голмана. Денес нашиот голман, Цветковски Мартин иако бранеше со повреда беше феноменален, впиша нови две одбрани од која едната беше вистински празник за око, одбрани во „пантерски“ стил. Во вториот дел во игра кај нас влегоа Стојановски и Кадриовски од клупата за резерви. Ние преземавме инцијатива, преку Митревски Јован кој упари удар со глава се заканивме, топката мина крај левиот директ.

Тоа беше последното возбудување кое треба да се напомене на оваа средба, овој дуел заврши последен од сите четири пресметки со ФК Скопје. На истите денес дојдовме до одлични 10.бода против тимот кој е зад нас на вкупната табела.