Голема победа за младинците, три бода во дербито со Скопје

Продолжува серијата на победи за кадетите, Кул подобар во дуелот со Скопје
03/28/2021
Помладите пионери на Кул покажаа зошто се лидери, победа со пресврт кај ФК Скопје
03/28/2021

Голема победа за младинците, три бода во дербито со Скопје

Младинците на Кул стигнаа до голема победа. Во рамките на 10.коло, на стадионот на „Цементарница“ нашите момци високо со 3:0 го победија тимот на Скопје.

Тренерот Нурединоски се одлучи за следниве 11-сетмина: Ројчинов, Николов, Ристески, Д.Ивановски, Кузмановски, Ѓорѓиевски, Здравески (К), Станковски, Д.Ивановски, Василевски, Јаневски.

Нашиот тим по првото полувреме имаше водство од 1:0 со одличен погодок на Томи Станковски. Екипата на Скопје имаше две големи шанси во првиот дел, кои останаа без реализација, додека поседот на топка беше израмнет на двете страни. Првата голема прилика ја имаше гостинот, но топката заврши крај голот на Ројчинов. Гледавме борбена игра на теренот и двете екипи ги посакуваа бодовите од овој дерби натпревар во младинската лига. Станковски кај нас се обиде да изненади со директен удар од корнер, но гостинскиот голман беше внимателен, додека од 20-сетина метри се обиде Здравески, но голманот на Скопје одбрани. Противникот имаше голема прилика кога ја погоди пречката од нашиот гол, после една акција, додека нашиот состав врати преку Марко Ѓоргиевски кој за малку со глава биеше крај голот, после центар шут од десната страна на Кузмановски. Се играше последната минута од првиот дел кога Томи Станковски со прецизен удар од околу 20 метри го совлада противничкиот чувар на мрежата, за голема радост и водство на Кул од 1:0.

Во второто полувреме, нашите младинци ги искористија своите шанси и постигнаа уште два гола во противничката мрежа. Пред да го зголемиме резултатот, одличен обид од слободен удар имаше Стефан Здравески, кој ја погоди пречката од голот на Скопје. Сепак истиов играч од речиси истото место, овој пат успева да го совлада голманот на противникот, кој само со поглед ја испрати топката во мрежата, за водство од 2:0. Меѓувреме останавме и со играч помалку на теренот поради исклучувањето на Дамјан Ивановски кој доби директен црвен картон. Сепак тоа не смени ништо во нашата игра, успеавме да постигнеме уште еден гол и да зголемиме на 3:0. Откако во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Ѓоргиевски, судијата оправдано покажа на белата точка. Одговорноста ја превзеде токму Марко Ѓоргиевски кој бие прецизно за 3:0, резултат со кој заврши оваа среба.

Честитки до целиот тим кој денес „изгина“ на теренот и повеќе од заслужено ги освои бодовите на дерби натпреварот во младинската лига.Момците на Нурединоски Един одиграа беспрекорно во текот на целиот натпревар, покажувајќи уште од првата минута дека се излезени на терен за победа.