(ТАБЕЛИ) КУЛ ја зголеми бодовната предност, нашите екипи се лидери со три генерации

(Фотогалерија) Пионерите без примен гол на гостувањето кај ФК Скопје
03/31/2021
Продолжуваме со натпреварите од 11.коло во лигата, следен противник е Струга Трим Лум
04/02/2021

(ТАБЕЛИ) КУЛ ја зголеми бодовната предност, нашите екипи се лидери со три генерации

Нашиот клуб имаше успешно 10 коло откако успеа да освои 10 од можните 12 бодови на дуелите со Скопје. Помладите пионери, кадетите и младинците со триумф ги завршија натпреварите со овој противник, додека дуелот во пионерската лига меѓу овие две екипи заврши со поделба на бодовите.

После ова коло само ја зголемивме бодовната разлика пред останатите екипи кои се наши конкуренти за пласман во најсилната супер лига од следната натпреварувачка сезона. Кул е лидер со помладите пионери и кадетите, додека младинците имаат еднаков број на освоени бодови со екипата на Струга Трим Лум, која вчера го одигра заостанатиот натпревар со екипата на Тиквеш и го доби убедливо во своја корист. Во кадетската лига, по еден бод на табелата треба да се додадат за екипите на Струга ТЛ и Тиквеш.

Вака изгледаат табелите во сите четири лиги, после одигрување на 10.коло.

Табела во помладата пионерска лига

Табела во пионерската лига

Табела во кадетската лига

Табела во младинската лига