Продолжуваме со натпреварите од 11.коло во лигата, следен противник е Струга Трим Лум

(ТАБЕЛИ) КУЛ ја зголеми бодовната предност, нашите екипи се лидери со три генерации
04/01/2021
Распоред на контролни натпревари за младите екипи на Кул
04/02/2021

Продолжуваме со натпреварите од 11.коло во лигата, следен противник е Струга Трим Лум

Во рамките на 11.коло кое е закажано за претстојниов викенд, нашиот клуб за противник го има тимот на Струга Трим Лум.

Најпрво во сабота (03.04.2021) своите натпревари на „Цементарница“ ќе ги одиграат пионерските екипи. Помладите пионери на Кул после десет одиграни натпревари имаат максимален број на освоени бодови и на добар пат се да ја продолжат победничката серија, со оглед дека сме големи фаворити во дуелот со Струга ТЛ, екипа која се наоѓа на 6.место на табелата со 13 освоени бодови. Дербито ќе се одигра во пионерската лига, каде Струга ТЛ е лидер во оваа генерација, додека нашиот тим се наоѓа на третото место со седум бодови помалку од нашиот следен противник. На првите дуели одиграни во Струга, нашите помлади пионери триумфираа со резултат 1:5, додека пионерите загубија со резултат 2:1.

За фаворит важат и нашите кадети кои исто така имаат максимален ефект после десет одиграни кола, додека противникот во оваа генерација се наоѓа на претпоследното место со само 8 освоени бодови. Со триумфот во претходното коло против екипата на Скопје, тимот на Кул се израмни според бројот на освоени бодови со Струга ТЛ, па и во младинската лига не очекува дерби.  Нашите кадети го добија првиот дуел во Скопје со резултат 3:0, додека младинците одиграа со нерешени 1:1. Дуелите во Струга ќе се одиграат во недела (04.04.2021).

Натпреварите во сабота и недела ќе стартуваат во термините од 12:00 и 14:00 часот.