Пионерските екипи гостуваат во Кавадарци, кадетите и младинците се домаќини на Тиквеш

Табели во младинските лиги, Кул останува лидер со две генерации
04/14/2021
Помладите пионери остануваат максимални, висока победа и кај Тиквеш
04/17/2021

Пионерските екипи гостуваат во Кавадарци, кадетите и младинците се домаќини на Тиквеш

За претстојниов викенд е закажано да се одигра 13.првенствено коло. Следен противник за нашиот клуб е екипата на ГФК Тиквеш 1930 од Кавадарци.

Во сабота (17.04.2021), пионерските екипи ќе гостуваат во Кавадарци, додека во недела (18.04.2021), кадетите и младинците на теренот на „Цементарница“ се домаќини на овој противник. Термините на одигрување на натпреварите се од 12:00 и 14:00 часот.

Со оглед како стоиме на табелата со овој противник, на три натпревари сме фаворити за освојување на бодовите, додека најинтересно треба да биде на натпреварот во кадетската лига, со оглед дека играат екипите кои се наоѓаат на првите две места на табелата.

Во помладата пионерска лига, екипата на Тиквеш има освоено 6 бодови, додека во пионерската лига, овој противник досега собра 11 бодови. Дербито е во кадетската лига, каде Кул е прв, додека Тиквеш е на второто место, но бодовната разлика меѓу двата тима е цели 12 бодови, па и на овој дуел нашите момци влегуваат како фаворит за освојување на бодовите. Нашите младинци ќе се обидат да ја прекинат серијата од два последователни натпревари без триумф, во дуелот против екипата која нема освоено ниту еден бод во младинската лига.

Кул ги доби сите четири дуели против ГФК Тиквеш во есенскиот дел од сезоната.