Со голот на Ѓорѓиевски Марко кадетите дојдоа до нови три бода, во дербито со Тиквеш

Максим Бундалески повикан во Македонија У17, за контролните натпревари со Црна Гора
04/18/2021
Младинците се вратија на победите, Кул високо го совлада Тиквеш 1930
04/18/2021

Со голот на Ѓорѓиевски Марко кадетите дојдоа до нови три бода, во дербито со Тиквеш

Кадетите на ФК КУЛ денес го пречекаа тимот на ФК Тиквеш на домашен терен. Момците на Нурединоски дојдоа до минимална и значајна победа со резултат 1-0 (0-0) на оваа кадетска средба.


Почетен состав: Ројчинов Андреј, Алексоски Лука, Стефановиќ Владимир, Мицевски Марко, Кузмановски Филип, Ѓорѓиевски Марко, Јаневски Филип, Стојчевски Леонид, Петрушевски Ангел, Ристески Бојан и Јанкулоски Бојан.


Ние имавме инцијатива, a прва шанса впишавме преку Јанкулоски Бојан чиj удар заврши крај голот. Тиквеш се закани кон голот на Ројчинов од слободен удар, за наша среќа топката мина крај голот. Петрушевски Ангел се обиде од дистанца да го загрози голот на ривалот, но за жал не погоди во рамките од голот. На сцена стапи Ѓорѓиевски Марко, најпрвин упати убав удар кој Дамјановски кој го скроти со крајни напори, потоа шутна од 25.метра топката мина крај голот на кавадарчани. Кул напаѓаше, додека противникот беше ориентиран на одбарната на голот и зачување на ремито. До крајот на првиот дел за одбележување е ударот на Кузмановски Филип, популарниот „Мамба“ прими топка на 25.метра, одлично се ослободи од чуварот и шутна силно, но голманот на гостите одбрани со крајни напории.


Во вториот дел Леонид Стојчевски прв се закани со удар крај голот по само 2.минути фудбал во овој период. Конечно погодивме и се израдувавме на погодок, заслужено поведовме со 1-0. Ѓорѓиевски Марко беше стрелец со глава од 5-6 метра одлично ја зафати топката и погоди во мрежата, тој доби прекрасна асистенција од левиот раб на теренот од Леонид Стојчевски. Веднаш по голот имавме нова навистина одлична шанса, слободен удар на 20.метра топката ја зема Ѓорѓиевски Марко, шутна силно на голманска страна, „чуварот на мрежата“ на црвено-белите со крајни напори исфрли во поле.

По погодокот како и до тогаш нашите момци предводени од Нурединоски имаа посед и повеќе од играта на овој кадетски дуел. Денес активниот Ѓорѓиевски повторно се закани со удар со глава од само неколку метра. Нововлезениот Митревски исто така го проба ударот, со удар од 16.метра се закани кон голот на денешниот ривал. Исто така и Ристевски Бојан се закани, ние го „браневме“ водството со потрагата по вториот гол, игравме офанзивно и покрај предноста на овој дуел. На 3.минути до крајот по една контра Тиквеш се закани, Ројчинов беше на место и не дозволи погодок. Јаневски Филип директно од корна нафрли оcтро и ја погоди втората статива, за жал топката заврши во гол-аут.

Играа уште: Амети, Митревски и Стојановски.

Ова беше дерби натпревар, со оглед дека играа екипите кои се пласирани на првите две позиции на табелата.