Младинците се вратија на победите, Кул високо го совлада Тиквеш 1930

Со голот на Ѓорѓиевски Марко кадетите дојдоа до нови три бода, во дербито со Тиквеш
04/18/2021
Максимални 12 освоени бодови на дуелите со Тиквеш, комплетни резултати од 13.коло
04/19/2021

Младинците се вратија на победите, Кул високо го совлада Тиквеш 1930

Момците на Нурединоски, младинците на ФК КУЛ се вратија на победите. Денес на „Цементарница“ високо го совладаа младинскиот тим на ГФК Тиквеш 1930 со резултат 4-0 (1-0).

Почетен состав: Миленковиќ Лука, Ивановски Дамјан, Ѓорѓиев Стефан, Здравески Стефан, Здравевски Маријан, Станковски Томи , Николов Никола, Ивановски Дамјан, Василевски Александар, Јованоски Стефан и Ѓорѓиевски Васко.

Нашите младинци тргнаа офанзивно на оваа средба, прва прилика имаше Здравески Стефан  чиј удар го одбрани голманот на ривалот, Бендевски Никола. Противникот се закани на нашиот гол но Лука Миленковиќ успеа да ја скроти опасноста. Јованоски Стефан и Здравески Стефан потоа се заканија, но двата нивни удари голманот на кавадарчани успеа да ги скроти и не дозволи водство. Во 22.минута по игра со рака на противничката одбрана добивме пенал, Здравески Стефан ја зема топката одлично шутна и стрелаше за 1-0. По голот ние имавме уште прилики, најпрвин стрелецот на голот се закани. Последна шанса за одбележување во првите 45.минути на овој младински дуел имаше Василевски Александар чиј удар не донесе удвојување на предноста по заминавме на одмор со минимална предност.

Прв во вториот дел се обиде за нас Ѓорѓиевски Васко, потоа шанса имаше Мифтари Шевалчиј удар го скроти противничкиот голман. Постигнавме гол за удвојување на предноста  погоди од непосредна близина Здравески Стефан, тој доби одлична топка од Томи Станковски кој нафрли од десно. Никола Николов се закани од непосредна близина, неговиот удар мина крај левата статива. Токму тој потоа, по досуден пенал ја зема топката шутна силно и погоди во десниот агол. Со овој погодок на Николов  во 57.минута поведовме со високи 3-0 на овој младински дуел. Нашите момци има повеќе од играта и постојано беа на половината на противникот од Кавадарци. Голема шанса со глава за нас имаше Мифтари Шевал, чиј удар голманот на Тиквеш успеа да го скроти.  По една одлична акција, Тодоровски Бодан упати лукав удар и зголеми на 4-0 во 83.минута, тој доби одлична асистенција од Ѓорѓиевски Васко. Во последната минута Здравески Стефан со глава пропушти шанса да погоди по трет пат денес, ние победивме со резултат 4-0 на оваа средба.

Влегоа уште: Мифтари, Крстевски, Тодоровски и Насевски.