КУЛ на вкупната табела има 130.бода, дури 35 повеќе од тимот зад него, во просек постигнуваме над 3.гола по дуел…

(ВИДЕА) Пионерските дуели на Кул против: ФК Скопје, Струга и Тиквеш
04/28/2021
Генерациите 2011 и 2012 ќе имаат пријателски натпревари со екипата на Милано
05/07/2021

КУЛ на вкупната табела има 130.бода, дури 35 повеќе од тимот зад него, во просек постигнуваме над 3.гола по дуел…

За време на овие денови кога се празнува во Македонија, правиме пресек на постигнувањата на младинските екипи на Кул. Нашите момци „јуришаат“ кон суперлигашката конкуренција, избраниците на Саше Божиноски и Един Нурединоски доминираат во овие конкуренции. Вака изгледа вкупната табела од сите четири конкуренции: помлади пионери, пионери, кадети и младинци, со напомена дека екипите на Струга ТЛ и Кожуф Гевгелија имаат по натпревар помалку. 

ВКУПНА ТАБЕЛА 2.ЛИГА

1.КУЛ 130 бода
2. ФК Скопје 95 бода
3. Беласица 91 бод
4. Тетекс 91 бод
5. Струга ТЛ 79 бода
6.Куманово 75 бода
7. Силекс 60 бода
8. Борец 54 бода
9.Тиквеш 41 бод
10. Кожуф 23 бода.

На вкупната табела ФК КУЛ е единствена екипа со троцифрен збир на бодови. Ние имаме дури 130.бода вкупно од сите напревари. Пред екипата на позиција два сме огромни 35 бода, а пред тимовите на позиција три и четири дури убедливи 39.бода. Нашиот пласман во Супер лигата е неоспорен и по бодовната состојба, но и по игрите кои ги прикажавме потврдивме дека нашиот тим е екипа која заслужува да игра во елитната младинска конкуренција.

Одигравме 52 дуели и освоивме 130 бода, имаме неверојатен просек, освојуваме 2,50.бода од одигран дуел, факт што покажува дека во Кул се работи квалитетно.

Кога сме кај головите вкупно имаме постигнато 164.погодока, или Кул има неверојатни 3,20.голови по одигран дуел во младинските лиги. Во нашата мрежа имаме примено само 29.гола, во просек примаме 0.55 погодоци на одигран дуел, односно статистички гледано на два меча кои ќе ги одиграме примаме само еден гол.

Од 52.одиграни дуели имаме 42 победи, 4 реми исходи и само 6 порази по 13.одиграни кола во четири конкуренции.