ФК КУЛ генерација 2011 и 2012 го надиграа Милано на контролни дуели

Бундалески со нов повик за македонската репрезентација
05/08/2021
(Фотогалерија) КУЛ генерација 2012 на гости во Куманово
05/09/2021

ФК КУЛ генерација 2011 и 2012 го надиграа Милано на контролни дуели

Денес,  две генерации  на ФК КУЛ патуваа во Куманово, каде  одиграа контролни натпревари со екипата на ФК Милано. На Градскиот стадион во Куманово одигравме пријателски натпревари  со генерациите 2011 и 2012.

Најпрвин настапија избраниците на Мики Тодоровски, ФК КУЛ генерација родени 2012 година. Одигравме одличен дуел, во спортска атмосфера со многу борба, обострана почит и желба за успех. Овој  наш тим прикажа одличен фудбал и дојде до победа над домаќинот.

Следни беа избаниците на Александар Цвветковски, КУЛ генерација родени 2011. Овој напревар ги имаше истите карактеристики во одност на борбеноста, залагањето и умешноста на нашиот тим. На одмор заминавме со минимална предност на дуелот, во вториот дел истата неколкукратно ја зголемивме за убедлив триумф.

*Наскоро ќе поставиме фотогалерии од денешните пријателски дуели на нашиот сајт