Бундалески со нов повик за македонската репрезентација

Генерациите 2011 и 2012 ќе имаат пријателски натпревари со екипата на Милано
05/07/2021
ФК КУЛ генерација 2011 и 2012 го надиграа Милано на контролни дуели
05/08/2021

Бундалески со нов повик за македонската репрезентација

Нов повик за Максим Бундалески во македонската репрезентација до 16 години. Оваа генерација на играчи која е предводена од Тони Јакимовски вечерва го има својот собир, додека утре ќе отпатува за Србија каде ќе одигра два контролни натпревари.

Бундалески повторно ќе има можнст да се докажува во националниот дрес, Македонија најпрво ќе одигра натпревар против репрезентацијата на Црна Гора, додека на вториот дуел за противник ќе ја има селекцијата на Бугарија или Србија. Натпреварите ќе се одиграат во Стара Пазова.