ФК КУЛ ќе земе учество на силен меѓународен турнир во Несебар

(Фотогалерија) Генерација 2010 одигра контролен натпревар со Њу Старс
05/17/2021
(Фотогалерија) ФК Кул – ФК Њу Старс (2009)
05/18/2021

ФК КУЛ ќе земе учество на силен меѓународен турнир во Несебар

После пауза од една година поради пандемијата со корона вирусот, фудбалскиот клуб Кул ќе земе учество на силен меѓународен турнир надвор од земјава.

Се работи за турнирот во Несебар (Бугарија), „Црно Море Куп Несебар 2021“кој ќе се одржи во месец јуни за повеќе генерации. На турнирот учество ќе земат голем број на екипи од неколку различни земји, како Македонија, Украина, Молдавија, Србија, како и домашните екипи од Бугарија.

Истиот минатата година не се одржа поради добро познатите причини, но затоа оваа година организаторите на турнирот најавуваат беспрекорна организација, квалитетни учесници, надигрување и секако дружба со екипи од различни земји.

Во наредниов период ќе дефинираме со кои генерации ќе настапи нашиот клуб на турнирот во Несебар.