ФК КУЛ генерација 2006 поуспешен од Пелистер

ФК Кул Кисела Вода генерација 2009 и 2008 беше домаќин на ФК Скопско Поле
05/22/2021
Милано ни гостуваше на Цементарница со генерациите 2011 и 2012
05/23/2021

ФК КУЛ генерација 2006 поуспешен од Пелистер

Денес на стадионот „Цементарница“ се одигра контролен-натпревар за момци родени 2006. Избраниците на Саше Божиноски, ФК КУЛ беа домаќини на тимот од Битола, екипата на ФК Пелистер. Нашите надежи дојдоа до победа на оваа средба со резултат 5-4.

Најпрвин во првиот дел отворивме ние со погодок за 1-0 преку Петар Трпевски. Гостите од Битола изедначија на 1-1, со резултатска симетрија се замина на одмор помеѓу двата периода. Двете екипи одиграа одличен борбен дуел со голема желба за надигрување на прекрасниот тревник на „Цементарница“.


Во вториот дел ние поведовме со 2-1 преку Олег Трифуновски, ривалот успеа веднаш да анулура и да изедначи на 2-2. Истата ситуација се повторни и по трет пат на оваа средба, ние поведовме со 3-2 преку Никола Јовановски кој постигна евро-гол, зелено-белите изедначија на 3-3 од пенал. Избраниците на Божиноски заиграа поангажирано и со два погодока поведоа со 5-3, за нас погодија Антони Динов од слободен удар, Петар Трпевски со својот втор гол денес зголеми на 5-3. Конечните 5-4 беа постигнати во последната минута од оваа пријателска средба.

Наскоро целосна фотогалерија со 50-сетина фотографии од оваа контролна средба.