ФК Рудар Јуниор од Пробиштип гостин на „Цементарница” со селекцијата 2010

Распоред на натпревари за екипите на Кул
06/04/2021
На ефикасен натпревар, нашите помлади пионери беа подобри од Њу Старс
06/05/2021

ФК Рудар Јуниор од Пробиштип гостин на „Цементарница” со селекцијата 2010

Вчера на нашиот стадион „Цементарница“  со тимот на ФК КУЛ  генерација 2010 бевме домаќини на пријателите од  ФК Рудар Јуниор. Момците на Мики Тодоровски одиграа контролен-натпревар со гостинот од Пробиштип.

Двата тима покажаа одлична игра на теренот, доста борбена престава со сериозно залагање гледавме на оваа средба. Нашите момци рано поведоа и го добија првиот дел во своја корист, во вториот дел исто како и во првиот период мрежата на Крстевски Младен остана не „начната“. Го зголемивме резултатот и дојдовме до триумф, сепак на ваквите дуели во прв план е дружбата, надигрувањето и фудбалското напредување.

Честитки до гостинот на фер и корентниот натпревар и благодарност за гостувањето во Скопје. Од дуелот наскоро на нашиот сајт обемна фотогалерија.