Нашите генерации 2009, 2011 и 2012 дел од меѓународниот турнир во Несебар

(Фотогалерија) КУЛ-ФК Рудар Јуниор генерација 2010
06/06/2021
(Фотогалерија) ФК Кул и Њу Старс одиграа “контролка“ со момците од генерација 2003/04
06/08/2021

Нашите генерации 2009, 2011 и 2012 дел од меѓународниот турнир во Несебар

После долго време поради пандемијата со корона вирусот, нашиот клуб ќе земе учество на еден силен меѓународен турнир. Се работи за турнирот во Несебар (Бугарија), на кој Кул ќе се натпреварува со три генерации во периодот од 8-14 јуни. Се работи за екипи составени од играчи кои се родени 2009, 2011 и 2012 година. Ова е само првиот натпреварувачки дел од турнирот, додека вториот на програмата е од 14-20 јуни, на кој Кул исто така ќе има свои екипи.

Веќе се познати групите, во кои ќе бидат распоредени нашите екипи, противниците, како и термините на одигрување натпревари во групната фаза.

Генерацијата 2009 е дел од групата Ц, во која се уште и екипите на Карпати ЛВИВ ( Украина), Дарнициа Киев ( Украина) и Звезденбург (Бугарија). Турнирот го отвараме во среда (09.06) со натпревар против екипата на Дарнициа Киев, кој ќе стартува во терминот од 11:00 часот по македонско време. Следниот ден (10.06) го играме вториот дуел во групата, на кој за противник го имаме тимот на Карпати ЛВИВ, натпревар кој ќе започне од 16:00 часот. Групната фаза ја затвараме ( на 11.06) со дуел против домашниот тим на Звезденбург, кој ќе стартува од 11:00 часот по наше време. Во оваа генерација ќе се натпреваруваат вкупно 13 екипи, од кои најдобрите 8 ќе се пласираат во 1/4 финалето, кое е закажано за 12.06.

Генерацијата 2011 е сместена во групата А, каде за противници ги имаме екипите на Раду Ребеја (Молдавија), Септември Софија (Бугарија) и Черноморец Одеса ( Украина). Натпреварите стартуваат во среда (09.06) со дуел против екипата на Черноморец Одеса, кој ќе започне од 09:00 часот. Следниот ден ќе одиграме еден дуел, против екипата на Раду Ребеја (09:00 часот) додека на 11.06 имаме натпревар со тимот на Септември Софија (07:00 часот) по македонско време. Во оваа генерација учество ќе земат 18 екипи поделени во четири групи, а двете најдобро пласирани од секоја група ќе го продолжат претстојот на турнирот, во 1/4 финалната елиминациска фаза.

Генерацијата 2012 исто така ќе биде дел од турнирот во Несебар. Нашите млади надежи се сместени во групата А, заедно со екипите на Хебар ( Бугарија), Витоша ( Бугарија) и Нива Виниција ( Украина). Екипата на Хебар ќе биде наш прв противник, натпревар кој ќе се одигра во среда со почеток од 08:00 часот. Следниот ден во истиот термин, силите ќе ги одмериме со екипата на Витоша, додека на 11.06 последен противник во групата е тимот на Нива Виниција, дуел кој ќе стартува од 09:00 часот по македонско време. Од вкупно 12 екипи, најдобрите 8 ќе се пласираат во 1/4 финалето на турнирот во Несебар.

Трите генерации на Кул вечерва заминуваат за Несебар.