ШАМПИОНИ!!! ЖФК КУЛ го освои турнирот „Железара 2021“, добивме и 2.лични признанија (ФОТО)

Втор натпреварувачки ден во Несебар, генерација 2012 со нова победа, генерација 2011 освои голем бод
06/10/2021
Екипите на Кул го комплетираа 3.коло на турнирот „Black Sea Kup Nesebar“
06/11/2021

ШАМПИОНИ!!! ЖФК КУЛ го освои турнирот „Железара 2021“, добивме и 2.лични признанија (ФОТО)

Избраничките на Тања Крстовска се прваци на  турнирот „Железара 2021“.  Девојките  од ЖФК КУЛ го освоија пехарот на овој турнир кој се играше во скопската населба Железара, попладнево истиот им беше доделен од првиот човек на општината Гази Баба, градоначалникот Борче Георгиевски кој беше покровител на настанот.

Во изборот на три најдобри поединки, голман, стрелец и најкорисен играч дури две награди завршија во рацете на нашите дами. Најдобар стрелец на турнирот е нашата Меланија Грозданова, наградата на најкорисен играч е доделена на уште една девојка од Кул, Сара Димитровска.