Познати противниците во 1/4 финалето за генерациите 2011 и 2012, генерацијата 2009 ќе разигрува за пласман

Екипите на Кул го комплетираа 3.коло на турнирот „Black Sea Kup Nesebar“
06/11/2021
КУЛ обезбеди полуфинале со генерација 2012, генерација 2011 загуби од Зимбру на турнирот во Несебар
06/12/2021

Познати противниците во 1/4 финалето за генерациите 2011 и 2012, генерацијата 2009 ќе разигрува за пласман

Генерациите 2011 и 2012 на Кул ќе играат во 1/4 финалето на силниот меѓународен турнир во Несебар. После одигрување на сите натпревари од 3 коло во групите, познати се и противниците за нашите екипи во оваа елиминациска рунда.

Во генерацијата 2011, нашата екипа заврши на првото место во групата А со вкупно 5 освоени бодови и на тој начин за противник во 1/4 финалето го доби второпласираниот тим во групата Б. Се работи за екипата на Зимбру од Молдавија. Натпреварот е закажан за утре со почеток од 08:00 часот по македонско време.

Екипата на Атлетик Несебар ќе биде пречката за нашата генерација 2012 кон патот до полу-финалето. Нашиот тим ја заврши групната фаза со 6 освоени бодови, односно на три одиграни натпревари имавме скор од две победи и еден пораз. Натпреварот е закажан да стартува од 11:00 часот по наше време.

За пласман од 9-13 место ќе разигрува нашата генерација составена од играчи родени 2009 година. Во 16:50 часот за противник ја имаме екипата на Хебар од Бугарија. Ова е шанса за нашиот тим да се стигне до прва победа на турнирот.

Полуфиналните натпревари се закажани за недела, додека финалните дуели по што ќе бидат познати победниците во сите генерации на програмата се во понеделник.