Екипите на Кул го комплетираа 3.коло на турнирот „Black Sea Kup Nesebar“

ШАМПИОНИ!!! ЖФК КУЛ го освои турнирот „Железара 2021“, добивме и 2.лични признанија (ФОТО)
06/10/2021
Познати противниците во 1/4 финалето за генерациите 2011 и 2012, генерацијата 2009 ќе разигрува за пласман
06/11/2021

Екипите на Кул го комплетираа 3.коло на турнирот „Black Sea Kup Nesebar“

Денес на програмата е третиот натпреварувачки ден на меѓународниот турнир во Несебар, односно последното коло во групната фаза. Нашиот клуб го комплетираше и 3 коло.

Утрово први со натпревари стартуваше генерацијата 2011, која за противник го имаше тимот на Септември од Софија. На еден интересен и борбен дуел со шанси на двете страни, на крајот натпреварот заврши без победник со резултат 1:1.

Во првото полувреме тимот од Бугарија беше во предност од 1:0, додека на стартот од вториот дел Стефан Стојаноски постигна навистина убав гол, нашиот игра пресече топка од половината на противникот и со брз трк стигна до голманот од кој се ослободи, ја пласираше топката во мрежата на Септември за израмнување на 1:1. Овој бод беше доволен за нашиот тим да обезбеди 1/4 финале на турнирот во  Несебар.

Прв пораз на турнирот забележа генерацијата 2012 која не освои бодови на натпреварот со екипата на Нива Виниција ( Украина). Со по еден гол во двете полувремиња, противникот од Украина забележа победа со резултат 2:0. Во очекување сме на комплетирање на колото во сите групи, но најверојатно нашата екипа ќе се најде во 1/4 финалето.

Генерацијата 2009 го претрпе и третиот пораз и на тој начин ја заврши борбата за медал на турнирот, односно до крајот ќе разигрува за пласман. Подобри од нас денес беа екипата на Звезденбург од Бугарија, која славеше победа со резултат 0:6.

После одигрување на сите натпревари во генерациите, ќе бидат познати екипите кои продолжуваат во елиминациската рунда, како и противниците во 1/4 финалето за екипите на Кул.