Три генерации на КУЛ ги завршија настапите на турнирот во Несебар

Генерација 2011 подобра од екипата на Локомотив Софија
06/13/2021
Од денес стартува вториот натпреварувачки дел на турнирот во Несебар, КУЛ ќе го претставуваат три екипи
06/15/2021

Три генерации на КУЛ ги завршија настапите на турнирот во Несебар

Три генерации на Кул изминатиов период се натпреваруваа на турнирот „Black Sea Kup Nesebar“.

Денес на програмата се финалните натпревари, како и оние за трето место. Ние ги завршивме настапите и денес попладне нашите генерации заминуваат од Несебар.

Во текот на вчерашниот ден со генерацијата 2009 одигравме два натпревари за пласман од 9-13 место. Двата дуели ги загубивме, од екипите на Несебар (0:1) и Спартак Мелитопол од Украина (0:3). На тој начин турнирот во Несебар го завршивме на претпоследното 12.место.

Генерацијата 2011 го доби дуелот со екипата на Локомотив Софија (5:2) и заврши на високото 5.место на силниот меѓународен турнир во Несебар.

Генерацијата 2012 е повлечена од натпреварувањето од наша страна, поради неидентификација на противничката екипа, после завршување на 1/4 финалниот натпревар.

Ова беше само прв дел од натпреварувањето на турнирот во Несебар, од утре започнуваме со настапи со генерациите 2006, 2008 и 2010.