Два порази на стартот во Несебар

Од денес стартува вториот натпреварувачки дел на турнирот во Несебар, КУЛ ќе го претставуваат три екипи
06/15/2021
Втор натпреварувачки ден на турнирот во Несебар
06/16/2021

Два порази на стартот во Несебар

Две генерации на Кул утрово ги одиграа своите први натпревари на меѓународниот турнир во Несебар. Се работи за генерациите родени 2008 и 2010 година.

На  двата натпревари доживеавме порази. Најпрво стартувавме со генерацијата 2010 која загуби од екипата на Карпати од Украина (8:0), додека генерацијата 2008 исто така убедливо го загуби дуелот од екипата на Атлет Киев од Украина со резултат 9:0.

До крајот на денот не очекува натпревар со генерацијата 2006, која за противник ја има екипата на Минералац од Косово, дуел кој ќе стартува од 15:00 часот по наше време.