Првиот тим на Караорман подобар од нашите младинци

Помладите пионери победија, пионерите одиграа без голови, на пријателските натпревари со Струга ТЛ
08/13/2021
КУЛ го победи тимот на Викториа од Крагуевац
08/14/2021

Првиот тим на Караорман подобар од нашите младинци

Младинците на Кул го имаа првиот пријателски натпревар на подготовките во Струга. Вечерва одигравме силен тест со првиот тим на Караорман. Противник стигна до победа со резултат 4:1.

Искуството и возраста си го направи своето, нашите момци дадоа отпор, а покрај постигнатиот гол имаа и две убави прилики. По првото полувреме резултатот беше 2:0. Стрелец на единствениот гол за нас беше Леонид Стојчевски. Истиов играч имаше уште една сериозна шанса, кога после нафрлена топка од Станковски за малку биеше крај десната статива, додека Иво Насевски исто така ја погоди стативата.

Стартувавме со следниве 11-сетмина: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Лука Алексоски, Филип Јаневски, Филип Кузмановски, Стефан Здравески, Никола Николов, Ангел Петрушевски и Марко Ѓорѓиевски.

Во игра влегоа Леонид Стојчевски, Маријан Здравевски, Томи Станковски, Бодан Тодоровски, Иво Насевски, Лука Миленковиќ и Васко Ѓоргиевски.