Помладите пионери победија, пионерите одиграа без голови, на пријателските натпревари со Струга ТЛ

Победнички старт за кадетите на подготовките во Струга
08/13/2021
Првиот тим на Караорман подобар од нашите младинци
08/13/2021

Помладите пионери победија, пионерите одиграа без голови, на пријателските натпревари со Струга ТЛ

Четири наши генерации се наоѓаат на подготовки во Струга, а денес ги имаа и своите први контролни натпревари.

По едно полувреме со екипата на Струга Трим Лум одиграа пионерските екипи предводени од Никола Карчев.

Натпреварот на пионерите заврши со почетниот резултат 0:0. Иако имавме неколку шанси за погодок, сепак до крајот немаше промена на резултатот. Најголемата шанса за отварање на резултатот ја имавме во првите минути од натпреварот, кога Виктор Стефановиќ со глава ја погоди стативата од голот на противникот, на шансата претходеше центар шут од Наков.

Во прилика се најде и Владимир Стефановиќ кој на одбиена топка можеше лесно да го загрози голот, но не реализираше, додека за одбележување е и шансата на Адис Зекири кој се ослободи од двајца противнички играчи, но во завршниот удар не успеа да го совлада голманот. Во два наврати кон нашиот гол се закани и Струга ТЛ, но голманот Јордан Јосифов не дозволи да биде совладан, па натпреварот заврши со резултат 0:0.

КУЛ: Јордан Јосифов ,Петар Станковски, Владимир Стефановиќ, Горјан Георгиевски, Борјан Наков, Виктор Стефановиќ, Матеј Цветановски, Даниел Васиќ, Александар Блажевски, Адиз Зекири и Белмин Цамиќ.

Во игра влезе и Андреј Алаџајков.

Помладите пионери успеаа да стигнат до минимална победа со резултат 0:1. Добрата игра беше крунисана со еден гол во мрежата на противникот, стрелец на истиот беше Олег Трифуновски.

КУЛ: Христијан Рајевски, Александар Спасевски, Матеј Стојановски, Петар Лазовски, Дамјан Спасовски, Петар Трпевски, Олег Михајловски, Нури Абдурамани, Олег Трифуновски, Фисник Љамалари и Никола Јовановски.

Од клупа во игра влезе и Михаил Крстевски.