Победнички старт за кадетите на подготовките во Струга

Четири генерации на КУЛ заминуваат на подготовки во Струга
08/11/2021
Помладите пионери победија, пионерите одиграа без голови, на пријателските натпревари со Струга ТЛ
08/13/2021

Победнички старт за кадетите на подготовките во Струга

Нашите кадети утрово го одиграа својот прв пријателски натпревар на подготовките во Струга. Момците на Един Нурединоски за противник ја имаа екипата на Струга Трим Лум, од која беа подобри со резултат 1:2.

Тренерот Нурединоски започна со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Никола Крстевски, Јован Митревски, Максим Илиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стајковиќ (К), Шевал Мифтари, Љубомир Стојановски и Бојан Јанкулоски. 

Со оглед дека ова е прв контролен натпревар после подолго време, можеме да бидеме задоволни од играта и резултатот на нашиот состав. После првото полувреме имавме минимално водство од 0:1. Стрелец на голот беше Јован Митревски кој беше најснаодлив во противничкиот шеснаесетник после центар шут од корнер на Стајковиќ, за отварање на резултатот.

Во второто полувреме, падна по еден гол во двете мрежи. Најпрво екипата на Струга Трим Лум после една и единствена грешка на нашиот голман, успеа да израмни на 1:1. Сепак ние успеавме да го вратиме водството, овој пат за 1:2 стрелец беше Горјан Манасиевски кој погоди со волеј удар, после уште еден добар центар шут на нашиот капитен Стајковиќ Филип. За одбележување се и неколку интервенции на Мартин Цветковски на нашиот гол. Во последната минута од натпреварот можевме многу лесно да го зголемиме водството, но немавме среќа кога Стајковиќ ја погоди само стативата од противничкиот гол.

Во игра на натпреварот влегоа уште и Кристијан Цветановски, Јордан Петровски, Алан Кеховиќ и Виктор Зафироски.