На пријателски натпревар кадетите на Пелистер подобри од Кул

Победи за генерациите 2003 и 2005 на подготовките во Струга
08/17/2021
Кул подобар од Академија „Нацев“ на пријателски натпревар одигран на градскиот стадион во Велес
08/26/2021

На пријателски натпревар кадетите на Пелистер подобри од Кул

Кадетите на Кул денес одиграа нов контролен натпревар, како дел од подготовките кои изминатиов период се одржаа во Струга. Денес нашиот тим отпатува за Битола, каде имаше пријателски натпревар со екипата на Пелистер.

Во еден квалитетен тест натпревар како подобар на крајот излезе составот на Пелистер, кој победи со резултат 2:1.

Првата прилика за отварање на резултатот ја имавме ние преку Љубомир Стојановски, кој не успеа да го совлада домашниот голман. На шансата претходеше добра акција која започна од Стајковиќ кој додаде до Мифтари, овој го пронајде Стојановски кој не погоди во завршниот удар. Екипата на Пелистер успеа прва да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. Нивниот напаѓач одлично се снајде во една акција им побегна на нашите стопери, додаде топка внатре во петерецот до неговиот соиграч на кој не му беше тешко да ја смести топката во нашата мрежа. Ние се заканивме преку Горјан Манасиевски кој се најде во шанса после центар шут од корнер на Стајковиќ. Битолската екипа постигна уште еден гол до крајот на првиот дел, со удар од некаде 16.метри зголемија на 2:0, резултат со кој се замина на краток одмор.

Во вториот дел видовме многу подобра игра за избраниците на Нурединоски, имаше многу центар шутеви од бековските позиции на Петровски и Зафироски, но не успевавме да го пронајдеме патот до мрежата на противникот. Сепак во следната акција погодува за намалување на 2:1. Стрелец на голот беше Марко Мицевски кој постигна гол со глава, на нафрлена топка од Стајковиќ.Најголемата прилика да го израмниме резултатот ја имавме преку Бојан Јанкулоски кој излезе сам со противничкиот голман, но немаше реализација. До крајот на натпреварот имавме уште неколку обиди, но резултатот остана 2:1 во корист на домашниот тим.

КУЛ: Мартин Цветковски, Марко Мицевски, Стефан Ѓоргиев, Никола Крстевски, Јован Митревски, Максим Илиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стајковиќ, Шевал Мифтари, Љубомир Стојановски и Бојан Јанкулоски.

Во игра на натпреварот влегоа и Кристијан Цветановски, Јордан Петровски, Алан Кеховиќ и Виктор Зафироски.

Нашиот клуб ги заврши подготовките во Струга и денес се очекува да се врати во Скопје.