Кул подобар од Академија „Нацев“ на пријателски натпревар одигран на градскиот стадион во Велес

На пријателски натпревар кадетите на Пелистер подобри од Кул
08/18/2021
Младинците на Кул и Шкупи одиграа со нерешен резултат
08/26/2021

Кул подобар од Академија „Нацев“ на пријателски натпревар одигран на градскиот стадион во Велес

Вчера на градскиот стадион во Велес, нашиот клуб одигра пријателски натпревар против фудбалската академија „Нацев“  од Велес. Се работеше за комбиниран натпревар од две полувремиња, во кои шанса за настап добија играчи од пионерските екипи.

Иако на полувреме имавме негатива од еден гол (1:0), сепак со пресврт во второто полувреме избраниците на Никола Карчев стигнаа до победа изразена со резултат од 1:3. Имавме неколку шанси да го отвориме резултатот во почетните минути од натпреварот. Како најзрела ќе ја издвоиме онаа на Белмин Цамиќ, кој беше неуспешен после една добро одработена акција од Васиќ и Цветановски, сепак Цамиќ не успева да погоди. Шанса имаше и Васиќ, но се уште резултатот беше оној почетниот. Противникот се закани кон нашиот гол од слободен удар, но успешен беше Јосифов на голот, додека во следната акција, Академија Нацев погодува за предност од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел нашиот тим ги искористи шансите и целосно ја надигра домашната екипа. За израмнување на резултатот се погрижи Борјан Наков, додека прва предност за Кул обезбеди Никола Јовановски, за конечните 1:3 да ги постави Дамјан Љубоморовски. Заслужена победа на крајот, со оглед на доминацијата која ја имавме во вториот дел од натпреварот.

Стартен состав: Јордан Јосифов, Петар Станковски, Владимир Стефановиќ, Горјан Георгиевски, Даниел Васиќ, Стефан Петрушевски, Матеј Цветановски, Виктор Стефановиќ, Борјан Наков, Адис Зекири и Белмин Цамиќ.

Играа уште и Никола Јовановски, Љулзим Амети, Александар Василевски, Андреј Алаџајков, Симона Меијер, Александар Спасовски, Матеј Стојановски, Фисник Љамалари, Михаил Крстевски, Дамјан Љубоморовски и Петар Трпевски.