Пионерските екипи одиграа пријателски натпревари со екипата на Шкендија

(Фотогалерија) Кул и „Еден на Еден“ одиграа без голови на турнирот во Куманово
09/06/2021
Пораз за кадетите на пријателски натпревар од екипата на Брегалница
09/12/2021

Пионерските екипи одиграа пријателски натпревари со екипата на Шкендија

Со оглед дека претстојниов викенд се одложи стартот на новата натпреварувачка сезона во младинските лиги, нашите пионерски екипи одиграа контролни натпревари со екипата на Шкендија во Тетово. Двата натпревари завршија во корист на домашниот тим.

Пионерите иако во најголем дел од натпреварот беа рамноправен противник, сепак на крајот го загубија натпреварот против врсниците од Шкендија. Со по еден гол во двете полувремиња, домашната екипа стигна до конечен триумф од 2:0. Може да се каже дека во првите 15 минути од натпреварот имавме и поголем посед на топка и доминација, а најголемата шанса ја имаше Даниел Васиќ кој не успеа да реализира. Противникот во два наврати се закани од слободен удар, но сигурен на нашиот гол беше Јордан Јосифов. Шкендија поведе со 1:0, после една одбиена топка за отварање на резултатот. Во второто полувреме не видовме многу шанси и претежно се играше на средината од теренот. Својата најголема прилика повторно ја искористија тетовчани кои го поставија конечниот резултат од 2:0.

КУЛ: Јордан Јосифов, Дамјан Љубоморовски, Петар Станковски, Владимир Стефановиќ, Стефан Филиповски, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски, Виктор Стефановиќ, Мухамет и Белмин Цамиќ. 

Висок пораз доживеавме со помладите пионери. На овој натпревар екипата на Шкендија славеше со резултат 7:0.

КУЛ: Христијан Рајевски, Александар Спасевски, Матеј Стојановски, Петар Трпевски, Илхан Имери, Јован Бошњаков, Михаил Крстевски, Стојанче Камчев, Нури Абдурамани, Фисник Љамалари, Омар Беровиќ.