Пораз за кадетите на пријателски натпревар од екипата на Брегалница

Пионерските екипи одиграа пријателски натпревари со екипата на Шкендија
09/11/2021
Силна контролка за младинците на Кул против екипата на Брегалница
09/12/2021

Пораз за кадетите на пријателски натпревар од екипата на Брегалница

Денес на Цементарница пријателски натпревар одиграа кадетите кои за противник ја имаа екипата на Брегалница од Штип. Гостинот се покажа како подобра екипа на теренот и на крајот заслужено победи со резултат 0:3.

Во првото полувреме видовме цврста игра на двете страни. Двете екипи имаа по една голема шанса, која екипата на Брегалница успеа да ја искористи. Момците на Един Нурединоски ја имаа првата голема шанса да го отворат резултатот. После една акција, шанса се создаде за Трајче Јованов, кој биеше одлично, но немаше среќа и ја погоди стативата од голот на Брегалница. Гостите од Штип исто така се заканија во два наврати, во првиот обид одбрани Мартин Цветковски, додека вториот удар заврши над нашиот гол. Се играа последните пет минути од првото полувреме, кога после една акција од десната страна тимот на Брегалница успеа да погоди за водство од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Второто полувреме започна со двојна одбрана на нашиот голман Мартин Цветковски кој не дозволи нов погодок во нашата мрежа. Сепак не успеа да спаси во следната акција на Брегалница, која поведе со 0:2, како и уште еден погодок кој се случи набрзина, повторно нашата одбрана не беше на ниво, па примивме погодок и за 0:3. Кај нас ќе ги одбелижиме ударите на Горјан Манасиевски, најпрво биеше со глава после центар шут од десната страна, но одбрани противничкиот голман, додека во вториот обид шутираше над гол. До крајот на натпреварот ќе одбележиме одлична интервенција на Цветковски кој спречи поголема негатива.

КУЛ: Мартин Цветковски, Никола Крстевски, Стефан Ѓоргиев, Марко Мицевски, Јован Митревски, Филип Стајковиќ, Максим Илиевски, Трајче Јованов, Стефан Коџабанов, Горјан Манасиевски, и Бојан Јанкулоски.