Победа за генерација 2007 на натпревар со екипата на Фортуна

Бојан Ристески: Најдраг момент е кога претседателот на клубот ни соопшти дека сме во Супер Лигата
10/13/2021
Рестарт на „Детската лига КУЛ“, повторно многу натпревари, дружба и фудбалско уживање
10/20/2021

Победа за генерација 2007 на натпревар со екипата на Фортуна

Генерацијата 2007 успеа да победи на контролен натпревар. Попладнево на теренот во Градски Парк, нашите млади надежи одиграа тест натпревар со екипата на Фортуна. Избраниците на Горан Тодоровски беа доминантни и забележаа триумф со резултат 5:1

Добра игра за нашите момчиња која на крајот резултираше со висока победа. Пред да го успеаме да го отвориме резултатот, имавме шанси преку Фисник Љамалари и Лео Мутовиќ, но немаше промена на резултатот. Успеавме да постигнеме гол во првата посериозна прилика, стрелец на голот беше Калин Лупевски, кој погоди на асистенција од Азизи. Имавме голем посед на топка и не му дозволивме на противникот многу да се изнаигра на овој натпревар. Следеше убав погодок на Арти Азизи кој успеа да го совлада противничкиот голман со удар од повеќе од 20-сетина метри, со резултат 2:0 се замина на полувреме.

Во вториот дел исто така имавме повеќе од играта, додека тренерот Тодоровски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање за овој натпревар со екипата на Фортуна. Противникот успеа во вториот дел од својата прва шанса да постигне гол и да намали на 2:1. Проследивме уште атрактивен погодок за нашиот тим, истиот беше дело на Фисник Љамалари кој од слободен удар го лобуваше голманот на Фортуна за водство од 3:1. Во следниот период во листата на стрелци се запиша и Марко Попов кој зголеми на 4:1, додека конечните 5:1 на натпреварот со својот втор гол денес ги постави Фисник Љамалари. 

Стартен состав: Андреј Јованов, Михаил Алексов, Гаврил Петановски, Душан Јовановски, Лука Тасевски, Лео Мутовиќ, Газменд Љамалари, Матео Кесиќ, Арти Азизи, Калин Лупевски, Фисник Љамалари.