Стартува новата сезона во Супер Лигата, нашиот клуб на „мегдан“ со Работнички

Рестарт на „Детската лига КУЛ“, повторно многу натпревари, дружба и фудбалско уживање
10/20/2021
Кадетите беа рамноправен противник, но на крајот загубија од Работнички
10/23/2021

Стартува новата сезона во Супер Лигата, нашиот клуб на „мегдан“ со Работнички

За претстојниов викенд е закажан стартот на новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги. Екипата на Работнички ќе биде противник за нашиот клуб на отварање на новата сезона во Супер Лигата.

Кадетите и младинците своите натпревари ќе ги одиграат во сабота (23.10), кога ќе гостуваат на теренот на Алумина. Натпреварите ќе започнат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Во недела (24.10), на Цементарница, пионерските екипи се домаќини на Работнички. Натпреварот на помладите пионери ќе стартува од 12:00 часот, додека пионерските екипи својот премиерен натпревар ќе го започнат од 14:00 часот.

За нашиот клуб ова е дебитантска сезона во најсилната Супер Лига, во која ќе се натпреваруваат вкупно 14 екипи.