Со играч помалку, младинците на Кул освоија бод на гостувањето кај Работнички

Кадетите беа рамноправен противник, но на крајот загубија од Работнички
10/23/2021
Без победник на пријателскиот натревар на Кул и Парк, кај генерација 2008
10/23/2021

Со играч помалку, младинците на Кул освоија бод на гостувањето кај Работнички

Младинците на Кул и Работнички одиграа без голови, на отварањето на новата натпреварувачка сезона во Супер Лигата. Натпреварот кој се одигра денес на Алумина заврши со почетните 0:0.

Голем бод за младинскиот состав на Кул, со оглед дека игравме со играч помалку од 30.минута на овој натпревар. Поради два жолти картони играта предвреме мораше да ја напушти Никола Николов. Првите обиди на натпреварот ги имаше домашниот тим, но без опасност кон голот на Ројчинов. Нашата екипа врати со два удари, првиот беше на капитенот Здравески, додека после него се обиде и Станковски, топката заврши крај голот. Во првиот дел видовме уште една прилика за Работнички, но одбрани одлично Андреј Ројчинов, додека ние опасно се заканивме преку Бојан Ристески кој после додадена топка од Кузмановски, биеше, но одбрани домашниот голман.

Гоце Коцевски можеше да биде херој на натпреварот, нашиот играч ја имаше најголемата шанса за отварање на резултатот, но биеше само покрај десниот долен агол, па не дојде до промена на резултатот. Во вториот дел видовме цврста игра на двете страни, нашиот тим играше со играч помалку па мораше да биде претпазлив. Сепак успеавме до крајот да го одбраниме овој голем бод за нас. Домашниот тим во овој дел имаше две шанси, но Андреј Ројчинов во двата наврати одлично интервенираше и спаси негатива за својот тим. На крајот натпреварот заврши со почетните 0:0.

Тренерот Стефановски започна со следниов состав: Андреј Ројчинов, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Стефан Здравески (К), Никола Николов, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Гоце Коцевски, Филип Јаневски и Филип Кузмановски.

Во игра влегоа и Лука Алексоски, Маријан Здравевски и Леонид Стојчевски. 

Со оглед дека игравме со играч помалку треба да бидеме задоволни од освоениот бод, покрај тоа игравме со екипа која долго е во најсилната елита и еден од најдобрите клубови во младинските категории.