„Гол шоу“ на Меланија Грозданова, нашите кадетки подобри од ЖФК Порече

Прва победа сезонава за пионерите
11/07/2021
(Фотогалерија) Кадетски натпревар на Кул и Њу Старс
11/08/2021

„Гол шоу“ на Меланија Грозданова, нашите кадетки подобри од ЖФК Порече

Кадетките на ЖФК Кул стигнаа и до втората победа сезонава во рамките на кадетската лига. Девојките на Тања Крстовска забележаа убедлив триумф на гостувањето кај екипата на ЖФК Порече 2015. Конечниот резултат гласеше 1:9.

Самиот резултат  говори за доминацијата на нашите девојки, кои целосно го надиграа домашниот тим од Македонски Брод. Нашиот капитен, Меланија Грозданова, успеа да постигне дури седум голови во противничката мрежа. До средината на првото полувреме противникот одолеваше на нашите напади, а потоа започна нашата голеада. Истата ја најави Меланија Грозданова која во 17.минута успеа да го отвори резултатот за 0:1. Во 20, 23 и 24 минута постигнавме уште три нови голови, два беа дело на Грозданова и еден на Анастасија Пачовска. Конечните 0:5 на полувреме со својот хет-трик ги постави Меланија Грозданова.

Во второто полувреме исто така  бевме доминантни со четири нови голови. Меланија го продолжи своето гол шоу, со три нови погодоци, додека во листата на стрелци се запиша и Деспина Давидов. Уште една висока победа за женскиот кадетски тим на Кул, изразен со резултат 1:9.

КУЛ: Теа Сапунџиев, Елена Крстеска, Сара Атанасовска, Канита Емини, Сара Димитровска, Анастасија Пачовска, Ане Велковска, Меланија Грозданова (К), Деспина Давидов, Јована Наумовска и Јована Петрушевска.

Во игра влезе и Марија Јовановска.

Честитки до нашиот женски тим за прикажаната игра и победата.