Македонија Ѓ.П е наш противник во 4.коло

Нашиот клуб освои 8 бодови после три одиграни кола со тешки противници, како изгледаат табелите во сите лиги
11/11/2021
Сениорската екипа на ЖФК Кул ја отвара сезоната со натпревар против Тиквешанка
11/12/2021

Македонија Ѓ.П е наш противник во 4.коло

Екипата на Македонија Ѓ.П е следен наш противник, во рамките на 4.коло во младинското првенство.

Најпрво во сабота (13.11), пионерските екипи ќе гостуваат на стадинот во Ѓорче Петров. Натпреварот на помладите пионери ќе стартува од 10:00 часот, додека пионерите ќе играат од 12:00 часот.

Во недела (14.11), на Цементарница нашиот клуб е домаќин со кадетите и младинците. Кул и Македонија Ѓ.П ќе играат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Се работи за силен противник, ние се надеваме на добри игри и секако нови бодови од натпреварите.