Сениорската екипа на ЖФК Кул ја отвара сезоната со натпревар против Тиквешанка

Македонија Ѓ.П е наш противник во 4.коло
11/12/2021
Помладите пионери без бодови од гостувањето во Ѓорче Петров
11/13/2021

Сениорската екипа на ЖФК Кул ја отвара сезоната со натпревар против Тиквешанка

Утре својот прв натпревар во втората женска фудбалска лига ќе го одиграат нашите сениорки.

На Цементарница ни гостува екипата на ЖФК Тиквешанка од Кавадарци, натпревар кој ќе започне од 14:00 часот.

За прв пат сезонава ќе се натпреваруваме со женска сениорска екипа, додека останатите учесници се ЖФК Џи-Џи, ЖФК Паун 2021, ЖФК Интернационал 2021, ЖФК Билјанини Извори 2010, ЖФК Порече 2015, ЖФК Кочани, ЖФК Победа Валандово 16 и ЖФК Плачковица.