Пионерските екипи во сабота патуваат за Струмица

(Фотогалерија) Поделба на бодовите на натпреварот во помладата пионерска лига
11/24/2021
Женските екипи на Кул активни со натпревари
11/26/2021

Пионерските екипи во сабота патуваат за Струмица

Нашите пионерски екипи во сабота (27.11) патуваат за Струмица, каде ќе ги одиграат заостанатите натпревари од 6.коло против екипата на Академија Пандев. Истите требаше да се одиграат во средата, но поради огромната трагедија која се случи во Бугарија и прогласената тридневна жалост, натпреварите беа одложени.

Натпреварите во сабота ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот на Општинското фудбалско игралиште во Струмица. Во помладата пионерска лига, екипата на Академија Пандев се наоѓа во горниот дел од табелата, со четири победи од исто толку одиграни натпревари, додека нашата генерација има само еден освоен бод. Во пионерската лига ќе гледаме дерби на двете екипи.Противникот собра 10 бодови, додека Кул има 9 бодови.