Женските екипи на Кул активни со натпревари

Пионерските екипи во сабота патуваат за Струмица
11/26/2021
Помладите пионери на Кул одиграа реми во гости кај А.Пандев, тимот кој досега имаше 100% ефект
11/27/2021

Женските екипи на Кул активни со натпревари

Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите за нашите женски екипи.

Сениорската екипа на Кул во недела (28.11) на Цементарница се домаќини на ЖФК Кочани, натпревар кој ќе стартува од 11:00 часот. Нашите девојки на два одиграни натпревари во втората лига имаат половичен успех од една победа и пораз, додека противникот има максимален ефект.

Во рамките на 5.коло, нашите кадетки ќе гостуваат во Битола кај екипата на Топ Гол. Овој натпревар е закажан за сабота (27.11) со почеток од 13:30 часот на Игралиштето „Павел Шатев“. Ние одигравме досега само два натпревари, на кои имаме исто толку победи, додека Топ Гол на четири натпревари има скор од две победи и два порази.