Кадетките на Кул поразени во Битола од Топ Гол

Пионерите минимално поразени во Струмица од А.Пандев
11/27/2021
ЖФК КУЛ без бодови од натпреварот со Кочани
11/28/2021

Кадетките на Кул поразени во Битола од Топ Гол

Денес, во рамките на 5.коло, нашите кадетки  гостуваа во Битола кај екипата на Топ Гол. Овој натпревар се играше  на игралиштето „Павел Шатев“.  девојките на ЖФК КУЛ  досега имаа само два натпревари на кои победивме, денес прв пат бевме поразени, домаќинот победи со резултат 2-0.

Состав: Сапунџиев Теа, Велковска Ане, Атанасовска Сара, Наумовска Јована, Бајдевска Јана, Јовановска Марија, Петрушевска Јована, Крстеска Елена, Пачовска Анастасија, Емини Канита и Димитровска Сара.

Домаќинот го доби дуелот со два постигнати гола, по еден во двата периоди на овој кадетски женски натпревар. Најпрвин во 14.минута домашниот тим преку капитенот на екипата, Марковска Михаела поведе со 1-0, резултат кој се покажа како конечен за првиот период на оваа средба. Во вториот дел како и во првиот нашите девојки се обидуваа да погодат за реми, но сепак противникот успеа да ја удвои предноста. Стојановска Анастасија успеа да погоди за 2-0, резултат кој беше и конечен на овој натпревар од женската кадетска лига.