Пионерите минимално поразени во Струмица од А.Пандев

Помладите пионери на Кул одиграа реми во гости кај А.Пандев, тимот кој досега имаше 100% ефект
11/27/2021
Кадетките на Кул поразени во Битола од Топ Гол
11/27/2021

Пионерите минимално поразени во Струмица од А.Пандев

Пионерите на КУЛ, денес гостуваа кај тимот на Академија Пандев во Струмица. На овој суперлигашки дуел до бодовите дојде домашниот тим, тие не совладаа минимални 2-1 (1-1) на оваа средба.

На оваа средба започнавме со овој состав: Јосифов Јордан, Стефановиќ Владимир,  Цамиќ Белмин,  Богдановски Томислав, Нацев Бојан,  Петрушевски Стефан, Ахмедов Мохамед, Наков Борјан , Васиќ Даниел, Амети Лулзим и Цветановски Матеј (К).


На резултатски план отворивме лошо во првиот дел, домашниот тим успеа во воведните 10.минути да отвори и да поведе со 1-0. Ние веднаш се вративме од „ладниот туш“ и заигравме поангажирано. Веќе во 15.минута успеавме да ја вратиме резултатската симетрија, Петрушевски Стефан одлично асистираше, топката дојде до Ахмедов Мохамед, нашето момче ја испрати во мрежата за 1-1. Противникот се закани со остро нафрлување пред голот, со „боксување“ опасната топка во поле ја исфрли голманот, Јосифов Јордан. До крајот видовме две одлични прилики за водство на двете екипи. Најпрвин Борјан Наков излезе сам на сам со голманот на Академија Пандев, но ривалскиот „чувар на мрежата“ одлично одбрани. Противникот имаше прилика во 45.минута обид кој го сопре денес одличниот Јосифов.


Во вториот дел ние се заканивме во два наврата на почетокот на вториот период, најпрвин стрелецот на голот за Кул, Ахмедов Мохамед имаше прилика за погодок. Потоа во шанса влезе Васиќ Даниел, но ниту тоа не донесе предност за нашиот тим. Пионерите на Академија Пандев се заканија два пати, на чудесен начин одбрани Јосифов во двете прилики. Следеше период во кој се играше на средината на теренот, по една полу-контра струмичани влегоа во нашиот казнен простор, шутнаа неодбранливо и поведоа со 2-1 на оваа средба. Васиќ се обиде со удар, но топката ја исфрли еден одбранбен играч и не дозволи изедначување. Цветановски Матеј имаше голема прилика, од слободен удар упати шут, топката закачи играч од „ѕидот“ и за малце заврши над гредата во корнер за нас. На 2.минути до крај Белмин Цимиќ искочи сам на сам со голманот на домаќинот, „чуварот на мрежата“ на ривалот во последен момент ја собра топката и ни ја скрати последната шанса за реми. Домаќинот дојде до три бода со минимална победа од 2-1 на оваа средба.

Во вториот дел во игра влегоа двајца играчи, станува збор за Зекири Адис и  Мијаков Благој.