Помладите пионери на Кул одиграа реми во гости кај А.Пандев, тимот кој досега имаше 100% ефект

Женските екипи на Кул активни со натпревари
11/26/2021
Пионерите минимално поразени во Струмица од А.Пандев
11/27/2021

Помладите пионери на Кул одиграа реми во гости кај А.Пандев, тимот кој досега имаше 100% ефект

Помладите пионери на Кул, денес гостуваа во Струмица кај тимот на Академија Пандев. Сите пофалби одат за нашите момци, иако ни недостигаа неколку клучни играчи,  гостувавме кај тим кој имаше максимален број победи и беше изразит фаворит ние одигравме храбро, борбено и со срце. Остваривме реми 3-3 (1-2) на оваа средба и им ги откинавме првите бодови на ривалот досега во лигата.

Тренерот Карчев стартуваше со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Петар Лазовски, Александар Спасовски, Гаврил Петаноски, Матеј Стојановски (К), Нури Абдурамани, Омар Беровиќ, Фисник Љамалари, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев и Борис Павловски. 


.
Домашниот тим се обиде да тргне офанзивно на самиот почеток, тие беа фаворит и се обидоа тоа да го прикажат на терен, Сепак нашите момци одлично го амортизираа тоа, и ја префрлија играта на средината на теренот. Во првата половина од полувремето двата тима немаа прилики за одбележување. Веќе во 25.минута дојде награда за нашата борбена игра, поведовме со 0-1 кај тимот кој има максималнен број победи, за нас стрелаше Стојанче Камчев. Домаќинот веќе по само три минути успеа да погоди греда, топката дојде во петерецот и тие успеаа да дојдат до резултатска симетрија 1-1. Сепак, „Кул не се предава“ во 30.минута повторно ја враќаме предноста, Спасовски нафрла од „скратен корнер“ топката доаѓа до капитенот Матеј Стојановски кој стрела за 1-2. До крајот ние одлично ја држевме топката и имавме посед, за одбележување беше уште една шанса на Камчев која голманот на Академија Пандев ја одбрани на фантастичен начин, па на пауза заминавме со минимална предност.


Само што започна вториот дел, добивме слободен удар на 30.метра од косо, топката ја зема Спасовски Дамјан. Вистинска фудбалска мајсторија видовме на теренот во Струмица, нашето момче успеа да го натфрли „живиот ѕид“ топката се заби во аголот за комотни 1-3. Домаќинот тргна на се или ништо, се закани два пати, но на нашиот гол присебен и одличен беше Рајевски Христијан. По една мешаница на 20.минути до крајот струмичани успеаа да дојдат на само гол негатива, тие намалија на 2-3 и внесоа возбуда во дуелот. Карчев освежуваше од клупата со цел да го задржи ритамот на тимот, кој денес дуелот го започна без неколку клучни играчи, но сепак прикажаа желба и борбеност за надигрување. Камчев имаше прилика која не ја реализираше, противникот успеа да дојде до реми 3-3 во последната минута од оваа средба.