ЖФК КУЛ без бодови од натпреварот со Кочани

Кадетките на Кул поразени во Битола од Топ Гол
11/27/2021
ФК Џокер од Фурка беше гостин на Кул, двете екипи одиграа пријателски натпревар со генерацијата 2007
11/28/2021

ЖФК КУЛ без бодови од натпреварот со Кочани

ЖФК КУЛ, денес на домашен терен ја пречека екипата на ЖФК Кочани во дуел од 2.лига во сениорска конкуренција. Гостинките ги освоија бодовите со резултат 0-5 (0-3).


Стартен состав: Здравковска Јована, Петрушевска Луиза, Милошевска Симона, Матиќ Ива, Вичишка Сара, Здравевска Ива , Величкова Дева, Стаматовска Елена, Петрушевска Сара, Пејаковиќ Аниел и Додевска Михаела.


Гостите во првиот дел започнаа со два погодока во нашата мрежа за почетни 0-2 на оваа средба. Нашите девојки имаа неколку прилики најпрвин се закани Пејаковиќ Аниел чиј удар не донесе погодок. Потоа своја шанса имаше и Величкова Дева, за жал не намали на резултатски план на овој сениорски женски дуел. Гостинот успеа да погоди за 0-3 и со тој резултат се замина на пауза помеѓу двете полувремиња на оваа средба на стадионот „Цементарница“.


Во вториот период најпрвин шанса имаше за Кул, Додевска Михаела чиј удар голманот на ривалот го исфрли во корнер. По изведување на истиот топката дојде до Величкова Дева, нејзиниот обид одбраната го исфрли во нов корнер за нашиот тим. Гостинот по една контра зголеми на 0-4. Нашите девојки имаа уште две прилики, најпрвин удар упати Здравевска Ива. Добро изведен слободен удар на Пејаковиќ Аниел, сепак не успеавме да погодиме. Противникот стрелаше за 0-5, резултат со кој се финишираше оваа средба.


Во игра влегоа од клупата уште и Филипова Ања и Спасовска Емилија.