Генерација 2012 на предновогодишен турнир во организација на ФК Бутел 2017

Пионерите собраа најмногу бодови, како изгледаат табелите во сите четири лиги
12/15/2021
(ФОТО) КУЛ со генерацијата 2012 обезбеди полуфинале на турнирот во Бутел
12/26/2021

Генерација 2012 на предновогодишен турнир во организација на ФК Бутел 2017

Нашата генерација 2012 ќе учествува на предновогодишен турнир кој го организира ФК Бутел 2017.

Во оваа возрасна генерација ќе се натпреваруваат осум екипи, кои ќе бидат поделени во две групи. Момците на Мики Тодоровски се дел од групата Б, во која се и домаќинот Бутел, потоа ФК Смилковци и ФК Аеродром. Сите натпревари во групната фаза, како и оние за конечен пласман ќе се играат во недела ( 26.12) во спортската сала „Антон Димитров“ во населбата Бутел. Во групата А се наоѓаат екипите на Шкупи, Форца, Нова Колонија и Хет Трик. Натпреварите ќе се играат 2×15 минути, со 5+1 играчи на теренот.

Распоред на натпревари во групната фаза:

ФК Кул – ФК Аеродром  09:40

ФК Кул – ФК Смилковци   11:00

ФК Кул – ФК Бутел  11:40

Екипите кои ќе се пласираат на првите две места во групата ќе играат во полуфиналето, додека победниците од овие натпревари ќе се борат за трофејот.