(ФОТО) КУЛ со генерацијата 2012 обезбеди полуфинале на турнирот во Бутел

Генерација 2012 на предновогодишен турнир во организација на ФК Бутел 2017
12/24/2021
Постигнати резултати за помладите пионери, стрелци и играчи со најголема минутажа
01/03/2022

(ФОТО) КУЛ со генерацијата 2012 обезбеди полуфинале на турнирот во Бутел

Генерацијата 2012 на Кул ќе игра во полуфиналето на предновогодишниот турнир кој го организира ФК Бутел 2017. Утрово во спортската сала „Антон Димитров“ нашите млади надежи ги одиграа натпреварите во групната фаза. На три натпревари забележавме по една победа, нерешен резултат и пораз.

Одлично го отворивме турнирот со победа против екипата на ФК Аеродром. На овој дуел доминираа момците на Мики Тодоровски кои остварија висока победа изразена со резултат 4:0, со по два гола во двете полувремиња.

На вториот натпревар немавме среќа и одигравме само со нерешен резултат против екипата на Смилковци. Имавме многу шанси на овој натпревар, но сепак до крајот на натпреварот не успеавме да постигнеме гол, па натпреварот заврши со нерешен резултат 0:0. Во последното 3.коло за противник го имавме домаќинот Бутел 2017, кој се покажа како многу подобар на теренот, победувајќи не со резултат 5:0.

По одигрување на натпреварите во групата, екипата на Бутел се пласираше на првото место, додека нашиот тим како второпласиран обезбеди полуфинале на турнирот. Противник и пречка до големото финале ќе ни биде екипата на Форца.