Со кои противници Кул треба да одигра за комплетирање на првиот дел од сезоната во младинската Супер лига

Андреј Ројчинов: Сигурен сум дека Кул ќе заврши во горниот дел од табелата, мојата цел е да продолжам професионално да се занимавам со фудбал
01/13/2022
Кадетите на Кул и Работнички одиграа без победник на контролен натпревар
02/03/2022

Со кои противници Кул треба да одигра за комплетирање на првиот дел од сезоната во младинската Супер лига

Сезонава во младинската Супер лига се натпреваруваат вкупно 13 екипи, иако требаше бројката да биде на 14, сепак Куманово Еуроспорт се откажа од натпреварувањето.

Нашите екипи треба да одиграат по 13 кола во пролетниот и есенскиот дел од сезоната, односно 12 натпревари, со оглед дека Еуроспорт не се натпреварува.

Во пролетниот дел нашите пионерски екипи одиграа осум натпревари. Од првиот дел за нашите две екипи ни остануваат уште натпревари со екипата на Ренова, Брегалница, Скопје и Шкендија. По одигрувањето на 13.коло ќе стартува и вториот круг, со натпреварите против екипата на Работнички.

10 коло: Ренова – Кул

11 коло: Брегалница – Кул

12 коло: Скопје – Кул

13 коло: Кул – Шкендија

Кадетите и младинците одиграа само седум натпревари, за разлика од пионерските екипи не беа одиграни натпреварите од 7 коло и гостувањето во Битола, кај тимот на Пелистер. Така, за нашите кадети и младинци останува од првиот дел да одиграат уште пет натпревари.

7 коло: Пелистер – Кул

10 коло: Кул – Ренова

11 коло: Кул – Брегалница

12 коло: Кул – Скопје

13 коло: Шкендија – Кул