Денес бевме активни со четири контролни натпревари, Њу Старс и Победа беа наши противници

(Фотогалерија) КУЛ-Вардар (кадети)
02/08/2022
Старт на пролетниот дел во лигата, на програмата е одложеното коло со Ренова
02/17/2022

Денес бевме активни со четири контролни натпревари, Њу Старс и Победа беа наши противници

Во текот на денешниот ден одигравме четири контролни натпревари со нашите натпреварувачки екипи. Помладите пионери гостуваа во Ѓорче кај екипата на Њу Старс, додека кадетите и младинците одиграа пријателски натпревари со екипата на Победа, истите се одиграа во Велес.

Помладите пионери беа поразени од Њу Старс, високо со резултат 4:0. На полувреме немаше промена на резултатот и на одмор се замина со почетните 0:0. Голем пад на нашата игра во вториот дел, доприносе да примиме четири голови и високо да го загубиме овој натпревар.

КУЛ: Даниел Диковски, Матеј Стојановски, Петар Трпевски, Александар Спасевски, Милан Кузмановски, Петар Трајковски, Јован михов, Тарик Ризвановиќ, Михаил Крстевски, Омар Беровиќ и Хабиб Бектеши.

Нашите пионери пак успеаа да забележа победа на дуелот со Њу Старс. Еден гол го реши победникот, истиот заврши во противничката мрежа, за конечни 0:1 на овој натпревар. Истиов резултат беше актуелен и на полувреме, а стрелец на голот беше Бојан Нацев. Штета, што победата не беше изразена со повисока разлика, со оглед дека имавме уште неколку добри прилики за погодок. Како најсериозна ќе ја издвоиме онаа на Белмин Цамиќ кога ја погоди стативата од голот на домаќинот, додека во шанси се најдоа уште и Борјан Наков, удари кои ги бранеше домашниот голман, како и Даниел Васиќ кој се обиде од слободен удар и Адис Зекири, но немаше реализација.

КУЛ: Даниел Диковски, Осман Фејзула, Томислав Богданоски, Лулзим Амети, Стефан Саздов, Бојан Нацев, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски, Борјан Наков, Мухамед Ахмети и Белмин Цамиќ.

Кадетите не се прославија на натпреварот против Победа, натпревар кој го загубија убедливо со резултат 4:0. На полувреме резултатот беше 2:0.

КУЛ: Мартин Цветковски, Јордан Петровски, Марко Мицевски, Никола Крстевски, Мухамедин Фејзула, Виктор Зафироски, Димитар Стоимов, Дарио Методиевски, Шевал Мифтари, Горазд Попов и Горјан Манасиевски.

Пораз претрпеа и нашите младинци во дуелот со прилепска Победа. Овој натпревар заврши во корист на противникот со резултат 3:0 со голови во првиот дел од натпреварот. Голема шанса да постигнеме гол имавме преку Гоце Коцевски, која остана неискористена, додека прилика имаше и Филип Јаневски, но неговиот обид во последен момент беше блокиран.

КУЛ: Давид Димитриевски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Филип Јаневски, Стефан Здравески, Никола Николов, Леонид Стојчевски, Ангел Петрушевски и Гоце Коцевски.