Нашиот клуб гостин на ФК Партизан, пријателски натпревари со пионерските екипи

(Фотогалерија) Триумф за кадетите на дуелот со Ренова
02/22/2022
Девојките на Кул им го нанесоа првиот пораз сезонава на ЖФК ЏИ-ЏИ
02/22/2022

Нашиот клуб гостин на ФК Партизан, пријателски натпревари со пионерските екипи

Нашиот клуб со генерациите 2005 и 2006 во среда ќе отпатува за Белград, каде ќе бидеме гости на ФК Партизан.

Со ФК Партизан во среда ќе одиграме и два пријателски натпревари со пионерските екипи, додека попладнето ќе го искористиме за прошетка низ главниот град на Србија.

Во четврток ќе имаме чест да присуствуваме на реванш натпреварот од 1/16 финалето во Конференциската Лига, на кој ќе играат екипите на Партизан и Спарта Прага од Чешка, на стадионот „Партизан“ во Белград.

Ваквите натпревари и дружби со еден од најдобрите балкански спортски колективи се само позитивно искуство за нас како клуб, се надеваме на соработка и во наредниот период.