Девојките на Кул им го нанесоа првиот пораз сезонава на ЖФК ЏИ-ЏИ

Нашиот клуб гостин на ФК Партизан, пријателски натпревари со пионерските екипи
02/22/2022
Нов тренер од Кул направи интернационален трансфер, Никола Карчев дел од стручниот штаб на Пахтакор од Узбекистан
02/23/2022

Девојките на Кул им го нанесоа првиот пораз сезонава на ЖФК ЏИ-ЏИ

Женскиот тим на Кул стигна до третата победа сезонава во рамките на втората фудбалска лига. Денес на Цементарница се одигра одложеното 1.коло против екипата на ЖФК ЏИ-ЏИ, кое заврши во наша корист со резултат 2:1 (1:0).

Денес бевме подобрата екипа на теренот и заслужено стигнавме до победата. Покрај постигнатите голови имавме уште неколку зрели прилики за погодок, кои не успеавме да ги реализираме. Како позрели ќе ги одбележиме шансите во кои се најдоа Сара Петрушевска и Канита Емини. По првото полувреме имавме предност од 1:0 со голот на Михаела Додевска во 31 минута од дуелот. Во второто полувреме создадовме исто така повеќе шанси од противникот, резултатот го зголемивме на 2:0 со погодокот на Канита Емини во 70 минута, додека во 83 минута гостинската екипа намали на 2:1 преку Ева Конева. Как

Ова беше трета победа за нашата сениорска екипа, додека прв пораз сезонава за екипата на ЏИ-ЏИ.

КУЛ: Ведрана Коменова, Симона Стефаноска, Кристина Крстева, Михаела Додевска, Ива Матиќ, Канита Емини, Симона Милошевска, Елена Крстеска, Сара Петрушевска, Дева Величкова и Сара Стефаноска.