Нов тренер од Кул направи интернационален трансфер, Никола Карчев дел од стручниот штаб на Пахтакор од Узбекистан

Девојките на Кул им го нанесоа првиот пораз сезонава на ЖФК ЏИ-ЏИ
02/22/2022
(Фотогалерија) Младинците на Кул подобри од Ренова
02/23/2022

Нов тренер од Кул направи интернационален трансфер, Никола Карчев дел од стручниот штаб на Пахтакор од Узбекистан

Нашиот клуб стана познат по носење на еминентни тренери, кои својата кариера ја продолжуваат надвор од земјата. Следен кој направи интернационален трансфер од Кул е Никола Карчев кој во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на Пахтакор од Узбекистан.

Карчев една година беше дел од нашиот клуб, во кој беше најпрво тренер на генерацијата 2007, додека во есенскиот дел од актуелнава сезона ги предводеше пионерските екипи. Сепак,  среќата реши да ја проба во Узбекистан каде ќе ги докажува неговите тренерски квалитети. Инаку се работи за екипа која 14 пати била шампион на својата земја, а сезонава ќе се натпреварува и во Азиската Лига на Шампиони. Прв предизвик ќе им биде титулата во Суперкупот на Узбекистан.

После Никола Родиќ и Един Нурединоски, Никола Карчев е третиот тренер кој бил дел од Кул, од каде прави интернационален трансфер. Нашиот клуб му се заблагодарува за едногодишната соработка, за остварениот придонес и му посакува многу среќа, успеси и трофеи со новиот клуб.